Фото: Timco Mucunski/FB

ФОТО | Градоначалникот на Њујорк доби дрес од МЗТ Скопје

Првиот човек на Општина Аеродром, градоначалникот Тимчо Муцунски средбата со градоначалникот на Њујорк, Етони Адамс ја искористи и да му подари дрес од МЗТ Скопје.

Дресот од македонскиот шампион е со презимето на Адамс кој важи за голем фан на кошаркатата.

„Од моја страна на градоначалникот на Њујорк, кој е домаќин на овој настан и истовремено голем фан на кошарката му врачив дрес од македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје.

Плаво белата боја на македонскиот шампион ќе биде дел од неговата канцеларија и во духот на спортот и спортските успеси на МЗТ, таа нека биде поттик за идни победи и симбол на меѓусебната соработка, поддршка и пријателство“, објави  Муцунски на својата официјална „Фејсбук“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот