Гордон Ремзи/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Гордон Ремзи шокираше со фотографиите: Оперирал рак што се јавува како резултат на изложеност на сонце

Гордон Ремзи (58), светски познат готвач и телевизиска ѕвезда, откри дека неодамна поминал низ сериозна здравствена состојба, операција за отстранување на базалноклеточен карцином, форма на рак на кожата, пишува „Гардијан“.

Славниот готвач, кој минатата година за малку избегна трагедија во страшна велосипедска несреќа благодарение на својата кацига, овој пат покажа дека ништо не остава на случајот.

По закрепнувањето од несреќата, Ремзи го трансформираше својот изглед, позирајќи во форма за британскиот „Менс хелт“, а сега им откри и на своите следбеници дека морал итно да реагира поради промената на кожата.

Тој сподели две фотографии на Инстаграм по зафатот – едната со фластер, а другата со видливи конци. Ремзи покрај тоа напиша:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gordon Ramsay (@gordongram)

– Исклучително сум благодарен на неверојатниот тим лекари во „Скин асосиејтс“ (The Skin Associates) за брзата реакција и отстранување на базалноклеточниот карцином. Благодарам! Не заборавајте го кремот за сончање овој викенд. Ветувам, не е лифтинг на лицето – ако беше, ќе барав враќање на парите! – се пошегувал готвачот.

Неговите обожаватели и пријатели ја преплавија објавата со пораки за поддршка.

– Браво за споделувањето на ова! Сите треба да носиме шешир, да користиме крем и да внимаваме на сонцето. Ти посакувам брзо закрепнување – гласел еден од коментарите.

Дури и британската хуманитарна организација Истражување на ракот се огласи:

– Драго ни е што добро се опоравуваш и ти благодариме што ја креваш свеста за важноста на заштитата од сонце!

Што е базалноклеточен карцином?

Базоклеточниот карцином (BCC) е најчестата форма на немеланомски рак на кожата. Се појавува во горниот слој на кожата, најчесто поради прекумерна изложеност на УВ-зраци од сонцето или солариумот.

Постарите лица, луѓето со светла кожа и оние кои претходно имале рак на кожата се изложени на поголем ризик. Добрата вест е дека генерално може лесно и успешно да се лекува – а најдобрата превенција е редовната употреба на крем со заштитен фактор.

Тага во семејството на Гордон Ремзи: Сопругата на славниот готвач не може да се помири со загубата на бебето

Гордон Ремзи вели дека никогаш не треба да го нарачате ова јадење во ресторан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот