
ФОТО | Големо откритие во Холандија! Пронајдени римски златни и сребрени монети закопани пред 2.000 години
Стотици римски златни и сребрени монети се откриени во близина на едно село во Холандија, соопшти холандската агенција за културно наследство.
Препорачано
Артефактите стари илјадници години се мешавина од римски и британски монети, а ова е првпат вакво откритие да се најде на европскиот континент, бидејќи претходно биле пронајдени само во Велика Британија, пренесува „Си-би-ес“.
Монетите се пронајдени во близина на селото Буник, кое некогаш се наоѓало покрај северната граница на Римската империја.
Нив ги пронашле две лица со помош на детектори за метал, кои потоа го пријавиле нивното откритие кај властите. После тоа, археолозите ги процениле монетите и организирале ископување од поголеми размери.
Најголемиот број артефакти датираат од крајот на првите римски освојувања во Британија, а повеќето носат портрет на императорот Клаудиј.
Речиси 300 монети се изработени од сребро, а на нив се врежани уникатни портрети, од кои некои го прикажуваат Јулиј Цезар.
Археолозите пронајдоа и 72 златни монети кои датираат од 18 г.п.н.е. до 47 г. Се чини дека никогаш не биле користени и веројатно биле ново ковани, соопшти холандската агенција за културно наследство.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
24мин
-
39мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5