Фото: EPA-EFE / LISE ASERUD / NORWAY OUT / Printskrin / Tviter / Iks

ФОТО | Гол до појас со пиштол в рака: Кружи фотографија од синот на норвешката принцеза кој беше уапсен поради напад на девојка

На социјалните мрежи се шири фотографија од синот на норвешката принцеза Мете-Марит, Мариус Борг Хоиби, кој заврши во притвор на почетокот на август, откако беше пријавен од 20-годишна девојка која тврдеше дека Мариус „ја нападнал психички и физички“ и дека била хоспитализиранa поради потрес на мозокот.

На фотографијата Мариус позира со пиштол и пијалaк во рацете, гол до половината, а во панталоните ставил мноштво банкноти.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Да потсетиме, 27-годишниот Мариус е син на Мете-Марит од првиот брак, а идниот крал, принцот Хакон, е негов очув. Тој завршил во притвор по пријавата за насилно однесување во ноќните часови во стан во Осло, а следниот ден бил пуштен од притвор.

Откако норвешките медиуми ја објавија веста за инцидентот, се огласи една од неговите поранешни девојки, поранешниот модел на „Плејбој“, Џулијан Снекештад. Таа изјави дека и психички и физички ја малтретирал додека биле во врска.

„И да одговорам на вашите сомнежи: да. И претходно бев изложена на неговото психичко и физичко насилство. Психичкото насилство за мене беше најбрутално. Не го споделувам ова затоа што сакам сожалување или фокусот да се префрли на мене… Тоа веќе се случуваше. И тој сега мора да биде запрен“, напишала таа на Инстаграм.

Маркус преку својот адвокат објави изјава во која ја призна вината и ѝ се извини на девојката. Тој наведе дека тогаш бил во алкохолизирана и дрогирана состојба и објасни дека се борел со зависноста, како и дека „има неколку психички нарушувања“.

– Минатиот викенд се случи нешто што не смееше да се случи. Во станот во алкохолизирана состојба по расправија и кокаин извршив телесни повреди и уништување на предмети. Имам неколку психички нарушувања, што значи дека во текот на растењето и возрасниот живот имав, и сè уште имам, големи предизвици. Долго време се борев со злоупотреба на опојни супстанции, поради што се лекував во минатото. Сега ќе продолжам со овој третман и ќе го сфатам многу сериозно – рекол тој, додавајќи дека сака да одговора за она што го направил.

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападнал жена, таа добила потрес на мозокот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!