
ФОТО | Глен Пауел се онесвести на снимањето на новата серија „Чед Пауерс“: „Стигнав до крајот“
Познатиот холивудски актер Глен Пауел неодамна доживеа драматичен момент на снимањето на својата нова серија „Чед Пауерс“, која премиерно ќе се прикаже на 30 септември, пренесува „ЕЊуз“.
Препорачано
Пауел го толкува ликот на Рас Холидеј, поранешен НФЛ-играч чија ветувачка кариера завршила прерано поради проблематично однесување. Во обид да се врати во американскиот фудбал, тој се маскира и презема нов идентитет, приклучувајќи се на тим од американскиот Југ.
„Се онесвестив додека врескав од возбуда“
Инцидентот се случил за време на интензивна сцена која траела две до три минути. Актерот, изведувајќи повеќе фудбалски акции без престан, на крајот ја почувствувал границата на издржливост.
„Стигнав до крајот, го фрлам овој тачдаун, врескам – и се онесвестувам!“, рече тој.
Иако бил на работ на колапс, Пауел успеал чудесно да остане на нозе.
„Ментално веќе не бев присутен, но не паднав. Кога се освестив, пред мене беше камерата, а целиот терен беше полн со фудбалери што ме гледаа.“
View this post on Instagram
Здравствена криза предизвикана од прегревање и адреналин
Актерот вели дека никогаш претходно не доживеал слична здравствена криза и верува дека причината била комбинација од прегревање и високо ниво на адреналин.
„Беше лошо. Беше лудо“, изјави Пауел, додавајќи дека брзо закрепнал и се вратил на сетот.
Секоја сцена барала и интензивна подготовка, вклучително и ставање протези на лицето – процес кој на почетокот траел еден час, но со текот на времето, тимот станувал сè побрз.
„Го меревме времето секој ден. Станувавме сè побрзи и побрзи“, заклучи актерот.