
ФОТО: Главниот негативец од „Титаник“ денес изгледа подобро отколку пред 20 години
Дали се сеќавате на Били Зејн? Многумина засекогаш ќе го паметат како Каледон Хокли, негативецот од филмот „Титаник“, кој се вери со главниот лик Роуз.
Препорачано
Иако по филмот Зејн не успеа да направи голема холивудска кариера, како неговите колеги Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет, тој се свртел кон независни продукции, театар и снимал свои дела.
Овој актер со грчко потекло изгледа подобро од кога било. Денес е многу активен на социјалните мрежи, каде често објавува свои фотографии. И покрај фактот дека не обрнувал премногу внимание на неговиот физички изглед, многумина коментираат дека денес изгледа дури и подобро отколку пред 20 години.
View this post on Instagram
Били Зејн неодамна го сними филмот „Валцер со Брандо“, во кој го игра познатиот Марлон Брандо, и иако честопати не го гледаме ниту на големите ниту на малите екрани, Зејн постојано работи.
На актерот воопшто не му пречело што по „Титаник“, не бил ангажиран за ниту еден друг голем филм.
Во меѓувреме, се посветил и на театарот, следејќи ги стапките на неговите родители, грчки имигранти, кои кога бил мал секоја година го носеле во Лондон за да гледа претстави.
View this post on Instagram
Кога не е на театарската сцена, Зејн е зад камерата. Тој не ја крие својата љубов кон снимањето филмови и потенцира дека не му е грижа што не ги прави за Холивуд. Во соработка со мала продукциска куќа, снимил неколку филмови. Исто така, Зејн пронашол нова љубов – сега се занимава и со сликарство. Одржал и неколку изложби, кои биле добро прифатени од јавноста.
Во моментов има осум проекти во продукција или во фаза на снимање, продолжува да ги бира улогите што го предизвикуваат, и од време на време скока во оној од кој не може да избега – згодниот негативец кој го играше во „Титаник“.
View this post on Instagram
„Сон на секој актер е да биде дел од таков прекрасен филм, тоа беше благослов, но во исто време, познато е дека во Холивуд, многу малку луѓе ризикуваат. Секој оди на сигурно затоа што станува збор за големи пари. Кога ќе дојдете на аудиција, знаете каков тип на актер бара продуцентот. Оттогаш станав синоним за лошо момче, негативец. Таквата ситуација на крај ве тера да станете поиновативни, да правите независни, но и свои филмови“, изјави Зејн во една прилика.
Со неговата свршеница Кендис Нил, која ја запознал преку пријател, имаат две ќерки Jиа и Ава. Претходно, тој беше во врска со модел од Хрватска, Јасмина Хдаг, како и со актерката Кели Брук (со која беше свршен и која славеше православни празници поради него), како и со Леонор Варела, од Чиле. Тој беше во брак со Лиза Колинс од 1989 до 1995 година.