Тереза Кесовија / Фото: Фејсбук/Тереза Кесовија

ФОТО | Ги преброди сериозните здравствени проблеми: Тереза Кесовија отпатува на омиленото место во Словенија

Хрватската пејачка Тереза ​​Кесовија, минатата година за нејзиниот 86. роденден беше повредена при пад, поради што беше итно хоспитализирана.

Во меѓувреме, таа добро закрепна и сега се огласи на социјалните мрежи за своето патување. Имено, Тереза позираше опуштено и во одлично расположение.

„Место на кое секогаш сакам да се враќам“, напишала таа, откривајќи дека се наоѓа во Логарска Долина во Словенија.

Облечена во џемпер со интересни цветни детали и ланче од аметист околу вратот, таа беше фотографирана во ресторанот на хотелот, а во објавата додаде дека е на „работен одмор“.

„Наша убава Тере, денот е уште поубав кога ќе ја видиме твојата насмевка. Направи пауза, уживаји. Те гушкаме“; „Ти благодарам, ми ја направи оваа вечер подобра. Ти посакувам убав и пријатен празник“; „Нашата единствена и неповторлива Тереза“; „Господ нека те чува и насмевката секогаш да го краси твоето убаво лице, драга наша Тере“, ѝ пишаа нејзините воодушевени обожаватели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот