фото: EPA-EFE/Olaf Kraak

ФОТО | Фортуна играше со 12 фудбалери против Херенвен во холандскиот шампионат

Фудбалерите Херенвен и Фортуна Ситард одиграа нерешено 2:2 во натпреварот од 21. коло на холандскиот шампионат.

Херенвен имаше водство од 2:1 од 82. минута, кога се случи неверојатна ситуација – Ситард имаше голман и 11 играчи на теренот, поточно 12 играчи, а никој не забележа.

Тренерот на гостинската екипа направи две замени во 88. минута, а еден од играчите кој беше заменет остана на теренот.

Рајан Фосо и Хаспер Далхаус требаше да ја напуштат играта. Вознемиреноста настана кога Едуард Михут се приближи до клупата на гостинскиот тим.

Сите мислеа дека е играч кој ја напушта играта, но тој се врати на теренот, а играта продолжи без Далхаус да го напушти теренот.

Фортуна играше со играч повеќе и на тој начин успеа да постигне гол и да дојде до бод.

– Мислам дека тоа што се случи е многу специјално. Фортуна имаше 12 играчи на теренот. Се чини дека тоа е дозволено и возможно. Никогаш не разговарам со судиите и ги оставам да си ја завршат работата, но тие не можат да играат со 12 играчи. Тоа е незамисливо. Го прашав четвртиот судија дали треба да направи нешто. Не можете да играте со 12 играчи, навистина не можам да го разберам тоа. Мислам дека ова е навистина скандалозно – изјави Робин ван Перси, тренерот на Херенвен по натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот