
ФОТО | Фит баба краде воздишки на инстаграм: Ме бркаат млади момци!
Шарлин Фарнсворт има 52 години и е мајка на две деца, баба, но исто така и голем поборник на фитнес, па оди шест пати неделно на вежбање. Живее во Онтарио, Канада, а луѓето често мислат дека има едвај 40 години.
Препорачано
View this post on Instagram
„Луѓето ми зборуваат дека изгледам многу помлада, а сигурна сум дека е тоа поради мојот стегнат изглед“ вели оваа фит жена, мајка и баба која веќе не е срамежлива девојка како што некогаш била.
На инстаграм ја следат преку 200 илјади следбеници кои се нејзината голема поддршка, а а Шарлин вели дека луѓето често доаѓаат и ја прашуваат дали се занимава со фитнес моделство. Но, и куп млади момци се постојано во нејзиното инстаграм-сандаче со пораки во кои љубопитно сакаат да се запознаат со оваа жена. Таа на шега вели дека речиси сите се двојно помлади од неа!
View this post on Instagram
Откако го достигнала овој изглед, оваа фит жена почнала навистина да се занимава со фитнес моделство, а во моментов се обучува и за личен тренер. Нејзиниот сопруг Мајк со кого е 22 години во брак е нејзина голема поддршка и вели дека сексуалниот живот никогаш не им бил подобар.
View this post on Instagram
„Мојот сопруг е многу горд на моите достигнувања. Му се допаѓа и тоа што станав фит и полна со самодоверба. Се носи добро и со моите додворувачи, знае дека јас сум таа што оди со него низ животот. Порано се грижев дека не сум доволно добра, ниту убава, иако мојот сопруг никогаш не ми рекол ништо такво, тоа беше мој проблем“ – вели Шарлин.
View this post on Instagram
Сега се чувствува подобро од било кога и е инспирација за многу жени.
„Никогаш не се сомневам во себе, се чувствувам сексипилно и своја“