Филип Талески со семејството / Фото: Инстаграм/Филип Талески

ФОТО | Филип Талески стана татко: Уште едно девојче во семејството на ракометарот

Македонскиот ракометар Филип Талески стана татко по вторпат. Имено, тој и неговата сопруга Ена Секулоска Талеска станаа родители на уште едно девојче.

Среќната вест ја сподели Нина Ристовска, сопругата на неговиот колега, голманот Борко Ристовски. Таа е, исто така, во блажена состојба и им честиташе на среќните родители.

„Добредојде малечко. Честитки до мама Ена, тато Филип и Софи“, напиша Нина Ристовска на својот инстаграм-профил.

Фото: Скриншот/Инстаграм/Нина Ристовска

Филип Талески и Ена Секулоска стапија во брак во 2018 година, а регистрацијата ја направија во неговото родно Крушево. Наредната година, тие станаа родители на преслатката Софија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Filip Taleski (@filip.taleski28)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот