Фото: Scuderia Ferrari HP/X

ФОТО: Ферари на трката во Мајами за првпат ќе настапи во сино-бела комбинација

Италијанскиот Формула 1 тим Ферари го претстави својот нов болид SF-25, специјално дизајниран за претстојната Голема награда на Мајами. Промените доаѓаат како дел од одбележувањето на првата годишнина од партнерството со технолошкиот гигант „HP“.

На гламурозниот настан во Мајами, во присуство на возачите Шарл Леклер и Луис Хамилтон, како и шефот на тимот Фред Васер, беше презентиран новиот визуелен идентитет на тимот. Посебно внимание привлече новиот изглед на возачките костуми, кои веднаш станаа топ тема во светските спортски медиуми и кај љубителите на Формула 1.

За разлика од традиционалниот црвен дизајн по кој Ферари е препознатлива децении наназад, овојпат доминира белата боја, дополнета со сини детали инспирирани од брендот HP. Црвените елементи не се целосно изоставени, туку стратешки задржани за да ја задржат ДНК-та на тимот.

Од тимот велат дека оваа дизајнерска комбинација го симболизира „американскиот дух“ на трката во Мајами и претставува омаж на историските бели болиди што Ферари ги користеше во одредени периоди од минатото.

Новата естетика не само што претставува маркетиншки потег, туку и потенцира нова ера на соработка меѓу традицијата на Скудерија и технолошката иднина на партнерството со „HP“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!