Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ФОТО | Фатени на дело – двајца мажи среде бел ден депонираа стар мебел на тротоар во Аеродром
Жители на населбата Острово во Аеродром испратија фотографии до редакцијата на „Слободен печат“ од овој викенд на кои „фатени на дело“ се двајца мажи кои од автомобил исфрлаат кабаст отпад на тротоарот покрај контејнерите сместени веднаш до Железничката станица – Скопје.
Препорачано

Оваа локација во изминатите неколку месеци прерасна во мини-депонија каде во неколку наврати се појавуваа огромни ѓубришта од различен тип на отпад кој ја узурпираше зелената површина и целосно го блокираше тротоарот. За жал, навиката на несовесните граѓани продолжи, а викендов дел од нив среде бел ден од гепекот на автомобилот го депонираа кабастиот отпад на оваа локација.

Иако имаше неколку реакции од ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ и службите на Општина Аеродром, граѓаните очигледно непречено си продолжуваат „како досега“, а доказ за тоа се овие двајца непознати мажи кои се ослободија од ѓубрето оставајќи го среде тротоар, а во меѓувреме некој на зелената површина ја депонирал и својата стара веце-школка.
ФОТО | Нова минидепонија близу Железничка – двоседи, веце школка, искршени контејнери…
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
11мин
-
15мин
-
17мин
-
30мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5