Марко Бошњак, Нина Жижиќ, Принц / Фото: EPA

ФОТО | Еуфоријата во Базел започнува: Претставници на 37 земји прошетаа по најдолгиот тиркизен тепих во историјата на Евровизија

Овогодинашниот Избор за песна на Евровизија беше официјално отворен во Базел, Швајцарија. Претставниците на 37 земји прошетаа по најдолгиот тиркизен тепих во историјата на натпреварот, како што најавија организаторите, а тие беа поддржани со аплауз од илјадници обоаватели и претставници на медиумите кои пристигнаа од бројни земји од целиот свет.

Свечената церемонија се одржа во самиот центар на градот, а оваа година сè ќе кулминира на 17 мај, кога големото финале е денот кога ќе се добие новиот победник на најгледаниот музички фестивал во светот.

Фото: EPA-EFE/GEORGIOS KEFALAS

Учесниците кои пристигнаа во Швајцарија се качија на ретро трамваи кои ги однесоа до саемот (Базел Месе), каде што се наоѓа сцената на Евровизиското село, и каде што беа пречекани од бројни обожаватели на овој натпревар за најдобра песна.

Швајцарците ја опишаа оваа церемонија како еуфорична парада за време на која учесниците беа пречекани од тапанари и гајдаџии, или карневалски марширачки оркестар карактеристичен за Базел и околниот регион.

Фото: EPA-EFE/TIL BUERGY

За време на церемонијата, претставниците и нивните тимови имаа можност да ја поздрават јавноста, да позираат пред камерите и да дадат кратки интервјуа и изјави, давајќи им на претставниците на медиумите ран впечаток за евровизискиот дух на секоја земја.

Принц, Србија / Фото: EPA-EFE/PETER SCHNEIDER

Церемонијата за добредојде официјално ги започнува свеченостите за Евровизија 2025, полуфиналињата се закажани за 13 и 15 мај, а големото финале ќе се одржи на 17 мај во арената „Сент Јакобшале“ во Базел.

Во вторник и четврток ќе се одржат двете полуфинални вечери, а финалето е во сабота.

Марко Бошњак, Хрватска / Фото: EPA-EFE/PETER SCHNEIDER

Во првото полуфинале, кое ќе се одржи на 13 мај ќе настапат Исланд, Полска, Словенија, Естонија, Шпанија, Украина, Шведска, Португалија, Норвешка, Белгија, Италија, Азербејџан, Сан Марино, Албанија, Холандија, Хрватска, Швајцарија, Кипар.

Во второто полуфинале, кое ќе се одржи на 15 мај, ќе настапат Австралија, Црна Гора, Ирска:, Латвија, Ерменија, Австрија, Обединето Кралство, Грција, Литванија, Малта, Грузија, Франција, Данска, Чешка, Луксембург, Израел, Германија, Србија, Финска.

Македонија и оваа година нема да учествува на Изборот на песна за Евровизија.

Нина Жижиќ, Црна Гора / Фото: EPA-EFE/PETER SCHNEIDER
Томи Кеш, Естонија / Фото: EPA-EFE/PETER SCHNEIDER
Јувал Рафаел, Израел / Фото: EPA-EFE/PETER SCHNEIDER
Кајл Алесанро, Норвешка / Фото: EPA-EFE/PETER SCHNEIDER
Зои Ме, Швајцарија / Фото: EPA-EFE/PETER SCHNEIDER

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот