ФОТO | Еколошки активисти: Ни се плаче кога се движиме низ Тетово, повалкан град нема

Тетово-отпад/Фото: Слободен печат

Од ден на ден ситуацијата со сметот во Тетово е полоша. Купишта смет околу контејнерите, прашина и кал по улиците. Словенечката компанија која ја промовираше Општина Тетово, а со која потпиша договор за менаџирање на сметот, наместо да ја подобри ја влоши ситуацијата.

Еколошките организации велат дека не го паметат градот толку валкан.

„Хигиената во градот е во катастрофална состојба, јас не го паметам ваков градот валкан. За жал очекувавме дека ќе има промени дека ќе имаме подобра ситуацијата, но единствено што се промени се сметките и промоцијата со црвен тепих на камионите и контејнерите. Кога се шетам низ град ми се плаче, не можеш да се шеташ оти има многу прашина има смет насекаде кои го разнесуваат кучињата, ние сме загрозени од аерозагадувањето поради валканиот град. Со новата компанија имавме надеж дека ќе се смени нешто. Ние побаравме информација од Општина Тетово што се случува, но не добивме повратна информација. Побаравме информација за договорот со словенечката компанија како ќе се собира сметот но и за ова молк“, вели Елмедина Абдулахи од Невладината организација „За Подобор Тетово“.

Фото: Слободен печат

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

Ако не се реши проблемот со сметот во летниот перид, Тетово ќе се соочи со еколошки катастрофи од поголеми размери, ако се земе предвид фактот дека на дневна основа во тој период кога се дојдени печалбарите се собираат двојно и тројно поголеми количини на смет.

„Сметот ќе биде поопасен во летниот пеирод кога поради повисоката температура излегуваат токсични материи од сметот и лесно се подложни овие депонии на пожар. Проблем е во Тетово исто така што се гради многу и камионите кои влегуваат во таа површина каде се гради не ги мијат гумите и тие кога излегуваат на улиците прашината и калта ја оставаат на улиците, дури и тротоарите се претворени во градилишта. За жал тука нема континуитет ниту една иницијатива не се реализира тука до крај. На пример ако ние пријавиме некој еколошки проблем до инспекцијата тогаш самата инспекција ќе ги информира тие исти лица кои го прекршиле законот, ние се обидуваме да се реши проблемот, но власта не реагира, институциите се нефункционални“, вели Абдулахи.

Тетовци се надеваа на почист град откако пред две недели Општина Тетово со свечена церемонија на градскиот плоштад ја промовираше словенечката компанија Заубермахер, со која има потпишано договор за менаџирање со сметот, односно подигање и танспортирање на отпадот до регионалната депонија Русино.

Градоначалникот на Тетово Билал Касами тогаш истакна дека сите вработени во ЈКП Тетово кои биле ангажирани во секторот „Комунална хигиена“ ќе ги преземе словенечката компанија, а сметот ќе се собира во сите села и населени места во рамките на општина Тетово.

И додека Тетово се гуши во смет Ссо делење на флаери минатата недела Општина Тетово односно Општинскиот инспекторат за животна средина во соработка со тетовските основни училишта започна кампања за подигање на еколошката свест кај граѓаните.

ФОТО: Tетово се гуши во отпад, мини диви депонии во секоја населба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот