Фото: Инстаграм/Ники Никол/Ламин Јамал

ФОТО | Една фотографија кажува сè: Ламин Јамал ја потврди врската со седум години постарата пејачка

Иако штотуку стана полнолетен, шпанскиот фудбалер и ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал (18), повторно е во центарот на љубовните скандали.

Јамал и аргентинската пејачка Ники Никол (25) ја потврдија својата врска со објава на Инстаграм. На фотографијата тие позираат пред роденденска торта, а Јамал во описот стави емотикони во форма на срце и на торта.

Фото: Инстаграм/Ламин Јамал

Со тоа ставија крај на повеќемесечните шпекулации кои започнаа кога Никол беше забележана на неговата прослава за 18. роденден минатиот месец. Забавата се одржа на 13 јули и собра околу 200 гости – семејство, пријатели и соиграчи.

Шпанските медиуми пишуваат дека роденденот имал „мафијашка тема“, а организаторите наводно барале жени со „одреден изглед“ за специјални улоги. Таквите информации предизвикаа загриженост кај властите и повици за истрага, пренесуваат странските медиуми.

Ова не е прв пат младиот фудбалер да се најде во љубовен скандал. Пред Никол, Јамал беше поврзуван со 30-годишната Фати Васкез, ѕвезда на платформата ОнлиФанс, со која наводно патувал на одмор.

Ники Никол, пак, до неодамна беше во врска со мексиканската музичка ѕвезда Песо Плума, но двојката се раздели на почетокот на годинава.

Да потсетиме, Јамал е најмладиот играч во историјата на Барселона што настапил за првиот тим и најмладиот стрелец во историјата на Европското првенство. Никол, пак, се прослави во 2019 година со хитот „Wapo Traketero“ и зад себе има четири успешни албуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот