Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER EDITORIAL USE ONLY. NO COMMERCIAL SALES EDITORIAL USE ONLY/NO SALES EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

ФОТО | Ѕвездата на „Малата сирена“ брутално нападната од поранешниот партнер: „Ми го скрши забот, ме влечеше за коса“

Американската пејачка и актерка Хали Бејли тврди дека нејзиниот поранешен партнер, раперот и јутјубер Ди-ди-џеј постојано ја малтретирал.

Бејли објави фотографии на кои се гледа дека има модринки и дека еден од забите ѝ е скршен.

Ѕвездата на „Малата сирена“ истакна дека првиот инцидент се случил во јануари оваа година, четири месеци по нивното раскинување во октомври 2024 година.

Според неа, раперот, чие вистинско име е Дарил Двејн Гренбери Џуниор, се изнервирал кога му го кажала распоредот за посети на нејзиниот едногодишен син, Хаило.

Додека го ставала бебето во неговото седиште во автомобилот, раперот постојано ѝ велел:

„Излези од мојот автомобил, ку*ко“, рекла Бејли, пишува „Пејџ сикс“.

Плашејќи се дека нешто ќе му се случи на расплаканото бебе, Бејли се обидела да го извади детето од автомобилот, по што раперот ја повлекол за коса и ѝ го турнал лицето во воланот, и ѝ го скршил предниот заб.

Актерката останала во автомобилот пред да се упати кон куќата на раперот бидејќи била загрижена за безбедноста на нејзиниот син и им раскаже на неговото семејство за наводниот инцидент.

Бејли рекла дека го оставила детето кај семејството на раперот и дека се чувствувала многу вознемирена поради тоа.

Поради сето ова, таа побара забрана за приближување против нејзиното поранешно момче, а како доказ приложи фотографии од скршен заб и модринки на раката. Тие покажуваат дека предниот лев заб е малку искршен, како и бројни модринки по должината на десната надлактица.

Таа, исто така, наведе уште еден инцидент од март кога раперот наводно влегол во нејзиниот дом без дозвола и ѝ испратил фотографија од нејзиниот кревет, со опис:

„Сега знам што си правела!“

Таа ја протолкувала пораката како обвинување зошто таа имала сексуални односи со други.

Бејли исто така истакна дека раперот се вратил неколку дена подоцна откако му кажала дека таа и Хаило се болни и дека сака бебето да остане дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!