
ФОТО | Џон Стамос е мета на критики поради фотографиите за поддршка на Дејв Кулие: „Многу навредливо“
Дејв Кулие (65), актерот најпознат по улогата на Џои во популарниот ситком „Full House“, неодамна објави дека му бил дијагностициран рак во трета фаза.
Препорачано
Џон Стамос, кој исто така глумеше во истата серија, го поддржа својот колега и пријател и на социјалните мрежи објави неколку фотографии со Кулие и неговата сопруга Мелиса, а за да ја искаже неговата поддршка направи нешто што не им се допадна на нивните обожаватели.
View this post on Instagram
Кулие си ја избричил главата, веројатно затоа што косата почнала да му опаѓа од хемотерапијата, а Стамос очигледно го направил истото. Но, во објавата објаснил дека се работи за „ќелава капа“, тип на маска која се користи на филмските сетови поради која актерите изгледаат ќелави, но не се. Стамос напишал и дека имало и Фотошоп за неговата ќелава глава да изгледа што пореално. И сето тоа во знак на солидарноста со пријателот.
– Дејв, сето ова го поднесуваш со толку многу сила и позитивност, тоа е многу инспиративно. Знам дека ќе го поминеш ова и многу сум горд што сум со тебе низ сето тоа. Те сакам – напишал Џон.
Некои од неговите обожаватели не беа многу задоволни од неговиот гест.
„Значи, избричи ја главата! Дали се маскираше?“, „Убава фотографија, се*ко“, „Добро, па не му дава поддршка, се слика“, „Чекај, сериозно не можеше да си ја избричиш главата за тоа? „Не ми се допаѓа да бидам таков човек, но ова е навистина навредливо. Луѓето со рак не можат да ги симнат маските“, напишаа некои под неговите фотографии.