Фото: Pvolve / Planet / Profimedia

ФОТО | Џенифер Анистон позираше за спортска кампања: И на 55 години изгледа „затегнато“ и секси

Џенифер Анистон позираше во новата кампања за „Pvolve“, брендот кој стои зад клинички докажаните функционални вежби за кои се користи опрема за формирање и зајакнување на телото. 55-годишната актерка ја покажа својата одржувана фигура и оформените мускули за да ги воодушеви обожавателите, кои често коментираат дека изгледа исто толку добро како кога првпат се појави на „Пријатели“ пред речиси 30 години.

Фото: Pvolve / Planet / Profimedia
Фото: Pvolve / Planet / Profimedia

„Џенифер е навистина доследна на тренинзите. Во текот на времето што го поминувам со неа, таа сака напорен, предизвикувачки тренинг“, откри тренерот на популарната актерка за „Пејџ сикс“ (Page Six).

„Ние правиме вежби за сила, обликување и прогресивни тренинзи со тегови. Исто така, креваме малку за да помогнеме во изградбата на мускулната маса и густината на коските додека го задржуваме фокусот на долговечноста на нејзиното тело“, додаде таа.

Џенифер оваа година за „Woman’s Health“ откри како ја одржува витката линија. Таа рече дека денот го започнува со лажица јаболков оцет во вода, а потоа и кафе.

„Обично ручам околу еден или два попладне, а тоа е обично некаква форма на зеленчук и протеини“, рече таа, додавајќи: „Попладне само ќе имам нешто како путер од јаболко и бадем или пуканки“. Хидратацијата ѝ е многу важна и откри дека „пие толку многу вода во еден ден што е комично“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот