
ФОТО | Џастин Бибер проговори за своите темни мисли: „Го обвинував Бога, се губам себеси“
Меѓу фановите на Џастин Бибер сè уште постои загриженост во врска со неговите објави и фотографии на социјалните мрежи и во медиумите. Бибер последно објави порака што предизвика нова лавина на коментари.
Препорачано
„Јас сум само просечен човек полн со маани. Направив работи што ги повредија оние околу мене и продолжувам да правам и кажувам работи што ненамерно им штетат на другите. Но, утрово се разбудив со уште една можност да продолжам напред и да не бидам толку себичен“, напиша тој.
View this post on Instagram
„Колку сум поискрен, толку сум послободен“
Тој објави уште еден пост во сличен стил, велејќи ќе биде „разоткриен“ ако им открие на другите колку е себичен.
„Ако го признаам тоа, другите можеби нема да ме сакаат и можеби нема да ми веруваат. Мислев дека ако бидам искрен за себичните работи што ги чувствувам, ќе бидам дисквалификуван од моите соништа за припадност. Но, колку сум поискрен – толку сум послободен“, заклучи Бибер.
Тој вчера објави и фотографија од птица на Инстаграм, со опис:
„Вистината е дека се будам секое утро. Некои денови сум оптимист, некои денови песимист. Не можам да контролирам како ќе се чувствувам и дури потсвесно го обвинувам Бога за лошото чувство со кое се будам, наместо да разговарам со него и да го молам да ми помогне да ја сменам мојата перспектива.“