Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Дури и гаќите на славната манекенка имале свој телохранител: Живеела како рок-ѕвезда, а денес на 55 години е уште поубава!

Ако за некого може да се каже дека времето застанало, тогаш е тоа е светскиот топ модел Клаудија Шифер. Познатата манекенка го прослави 55-тиот роденден на 25 август, и иако поминаа децении откако го достигна врвот на модата, годините како да не оставиле никаква трага на нејзиното лице.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Claudia Schiffer (@claudiaschiffer)


Познатата убавица сè уште изгледа фантастично, како времето да застанало за неа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Claudia Schiffer (@claudiaschiffer)


Интересно е што Клаудија Шифер себеси не се сметала секогаш за привлечна, а како што еднаш открила, како дете често била предмет на потсмев поради својот изглед.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Claudia Schiffer (@claudiaschiffer)


Клаудија се опишала себеси како несмасна тинејџерка која постојано се вцрвенувала и додала дека била многу срамежлива и без самодоверба.

– Модата е мојот спасител. Да не станев модел, мислам дека сè уште ќе бев срамежлива, плашлива Германка која не знае како да се справи со многу основни работи – рекла Шифер.

Била откриена на 17 години

Нејзиниот живот се променил кога имала само 17 години. Ја открил Мајкл Леватон, сопственик на позната модна агенција, кој ја убедил да почне да се занимава со манекенство.

Позирала за насловната страница на списанието „Брижит“ во 1988 година и тоа било отскочна даска за нејзината кариера. На нејзината врата затропале многу престижни светски списанија, како што се „Вог“, „Космополитан“, списанието „Тајм“ и „Плејбој“.

Никогаш не се согласила да биде фотографирана со голи гради, но ги красела насловните страници не само на модните списанија, како што се споменатите, туку и на списанија како „Ролинг стоун“, „Њујорк тајмс“ и „Пипл“.

И нејзината долна облека имала обезбедување

Клаудија Шифер изјавила дека 1990-тите биле златното доба на манекенството и дека заработувала вртоглави суми пари. Колку била популарна, сведочи и фактот дека обезбедувањето на модните ревии морало да ја чува не само неа, туку и нејзината долна облека.

– Беше лудо време! Живеев како рок-ѕвезда. На секоја модна ревија имав телохранители кои ме чуваа… Не само мене, туку и мојата облека, дури и мојата долна облека – да, дури и моите градници и гаќички! Затоа што секој пат кога ќе излезев на пистата и ќе се вратев, моите работи ги немаше, сè исчезнуваше! Затоа и мојата долна облека мораше да има лични телохранители во тоа време, се присетила таа за периодот додека била на врвот на својата слава.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Claudia Schiffer (@claudiaschiffer)


Денес, Клаудија живее сосема поинаков живот, иако одвреме навреме му се враќа на манекенството. Од 2002 година е во брак со британскиот режисер Метју Вонамс, со кого има три деца, а семејството живее во познатиот лондонски кварт Нотинг Хил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот