Фото: Инстаграм/Дуа Липа

ФОТО | Дуа Липа се забавуваше со момчето во Косово, на една од фотографиите покажа и двоглав орел

Британската пејачка Дуа Липа, која има албанско потекло, објави фотографии од годинашното издание на фестивалот „Сани хил“, којшто секоја година се случува во Косово и е во организација на семејството на Липа.

Таа помина четири забавни дена во Приштина, заедно со нејзините пријатели од Велика Британија и нејзинто момче Калум Тарнер, кој е познат британски актер. Ова прво патување на Тарнер во Косово. Пејачката објави повеќе фотографии на својот инстаграм-профил, а на некои од нив пејачката и нејзините пријатели го покажуваат симболот на двоглавиот орел.

„Имам толку многу фотографии за објавување од изминатите четири дена на ‘Сани хил’. Не знам ни од каде да почнам! Толку сум горда што не можам ни да опишам. Многу сум возбудена поради тоа во што се претвори овој фестивал. Возбудена сум што гледам дека расте и станува многу повеќе отколку што сонувавме. Ова го правам со моето семејство и со сите од агенцијата Република. Сите неуморно работеа 24 часа на ден и тоа беше највозбудливото, но и најкорисното нешто во што сум учествувала. Потребно е едно село за да успее, а ние го правиме тоа за нашиот град. Им благодарам на сите кои дојдоа, на сите уметници, но и на нивните тимови“, напиша таа на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Дуа Липа
Фото: Инстаграм/Дуа Липа
Фото: Инстаграм/Дуа Липа
Фото: Инстаграм/Дуа Липа
Фото: Инстаграм/Дуа Липа

Да потсетиме, Дуа Липа е родена во 1995 година, во Лондон, Велика Британија. Нејзиното семејство има потекло од Косово, каде пејачката се вратила да живе на 11-годишна возраст. Сепак, семејно решиле да се вратат во Лондон, со цел Дуа да започне музичка кариера.

„Јас сум од двете места истовремено. Кога луѓето ќе чујат за Косово, не сакам да кажат: Ох, она Косово што е разурнато од војна? Не, Косово има што да понуди“, изјави пејачката кога пред две години доби албанко државјанство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!