Фото: Инстаграм/Дуа Липа

ФОТО | Дуа Липа се сврши: Пејачката објави слики од празниците и го покажа дијамантскиот прстен

Британската пејачка Дуа Липа му кажа „да“ на своето момче, актерот Калум Тарнер. Оваа позната двојка е заедно нешто повеќе од една година, а нивниот следен чекор во врската планираат да го прослават со пријателите и семејствата за време на Нова година.

Извори блиски до парот изјавија дека Липа и Тарнер се „многу заљубени“ и дека сите нивни пријатели се среќни што актерот ја запросил пејачката.

„Дуа и Калум се многу заљубени и знаат дека ова е засекогаш. Тие се свршени и не можат да бидат посреќни. Дуа ја имаше една од најдобрите години во нејзината професионална кариера и ова е шлаг на тортата. Калум е силен поддржувач на Дуа и тие се прекрасен пар. Нивните семејства и пријатели се многу среќни за сите нив“, рече изворот, според „Дејли мејл“.

Фото: Инстаграм/Дуа Липа
Фото: Инстаграм/Дуа Липа
Фото: Инстаграм/Дуа Липа

Липа сподели неколку фотографии на кои покажа како ги поминала празниците, а многумина забележаа голем дијамантски прстен на една од нив.

„Во однос на врските, морав да стигнам до ова место за да го најдам она што навистина ми треба. Мора да простувате, растете и учите и да се помирите со минатото за да продолжите понатаму. Мислам дека со секоја врска, со секое искуство , учиш за себе, учиш за работите кои се болни за тебе, што очекуваш, што треба да бидеш спремен да попуштиш. Сметам дека секогаш се враќаме на таа размена на ранливост. Не бев доволно добра или ја изгубив самодовербата и морав повторно да ја пронајдам, мислам дека тоа е многу важна работа.

Откако јавно објавија дека се заедно, не кријат колку се заљубени. Пејачката често споделува нивни фотографии на социјалните мрежи, а редовно присуствуваат на различни настани заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот