
ФОТО+ВИДЕО | Драма на црвениот тепих! Шерон Стоун направи хаос во предизвикувачки фустан – сите гледаа во еден моден детаљ
На филмскиот фестивал во Торино, актерката Шерон Стоун се појави во атрактивен фустан со огромна црвена наметка и го привлече целото внимание.
Препорачано
Шерон Стоун во Торино ја доби престижната награда „Stella della Mole“. Актерката за свечената пригода избрала прекрасен долг фустан со интересен дезен. Фустанот од светкав материјал имал сребрено-бордо дезен, како и интересно деколте обрабено со црвени монистра.

Но, посебно внимание привлече огромниот моден детаљ – раскошната црвена наметка.
Црвената наметка, каква што ретко се гледа, го засени фустанот. Наметката наликува на комплет ливчиња од роза, а актерката вешто се снајде додека позираше пред фотографите.
Темните нијанси на црвено оваа сезона се апсолутен хит на модната сцена, а тоа го потврди и познатата холивудска русокоса. Таа ги нагласи очите со светла сенка за очи, имаше розово руменило и ефектен бордо кармин. Косата ја залижала, а избрала и прекрасни дијамантски обетки.
Појавувањето на Шерон Стоун на овогодинешниот филмски фестивал во Таормина, Италија, исто така не помина незабележано. Тогаш, да потсетиме, таа носеше атрактивен проѕирен фустан од златни конци.