Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

ФОТО | „Добредојде ангелу“: Свршеницата на Роберт Патинсон ја објави првата фотографија од нивното дете

Пејачката Суки Вотерхаус (32) и нејзиниот вереник, познатиот актер Роберт Патинсон (37), неодамна тајно станаа родители. Моделот сега за првпат на своите социјални мрежи го покажа нивното бебе со емотивна порака.

Инаку, Суки откри дека е бремена пред четири месеци, за време на нејзиниот настап на музичкиот фестивал „Корона капитал“ во Мексико Сити.

„Добре дојдое на светот, ангелу“, напиша таа покрај фотографијата на која држи дете во рацете.

Фото: Instagram / sukiwaterhouse

Суки Вотерхаус и ѕвездата на „Бетмен“ и „Самрак“, Роберт Патинсон се заедно повеќе од пет години. Тие наводно се вериле во декември, а приватниот живот го држат подалеку од јавноста.

Неодамна странските медиуми објавија фотографија на која Патинсон турка светло розова бебешка количка,  а фотографијата можете да ја погледнете тука.

Роберт Патинсон и Суки Вотерхаус станаа родители: Бојата на количката го откри полот на бебето?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот