Фото: Профимедиа

ФОТО | Детали за смртта на Метју Пери, пред неговата куќа татко му и полицијата

Метју Пери, најпознат по улогата на Чендлер Бинг во хит серијата „Пријатели“ (Friends), денеска е пронајден мртов во џакузито на неговиот дом во Лос Анџелес, објави ТМЗ.

Фото: Профимедиа

Метју Пери тоа утро вежбал два часа, а потоа го испратил својот асистент во набавка. Кога асистентот се вратил два часа подоцна, го нашол Пери без свест и веднаш повикал полиција и итна помош. Сепак, лекарите биле немоќни да го спасат.

Полициски извори на ТМЗ велат дека Пери најверојатно се удавил, но понатамошната истрага ќе покаже под кои околности тоа се случило. Во близина на телото не биле пронајдени наркотици и засега се верува дека смртта не била насилна.

Фото: Профимедиа

Неговите публицисти и други претставници не одговориле веднаш на барањето на АП за коментар. На молба на АП да потврдат дека полицијата излегла на лице место на домашната адреса на Пери, полицискиот службеник во Лос Анџелес, Дрејк Медисон, рекол дека отишле таму „поради истрага за смртта на маж на возраст од 50 години“.

Портпаролот на противпожарната служба на Лос Анџелес, Брајан Хемфри, рекол за „Ен-би-си“ дека тие први реагирале во куќата во Пацифик Палисадес во 16:07 часот поради „итна опасност од вода“ од непознат вид. Никој не бил пренесен во болница, додал тој.

Пред домот на починатиот актер се забележани неговиот татко и полицијата.

Таткото на Метју Пери/Фото: Профимедиа

Полицијата во 16 часот по локално време пристигнала во домот на актерот и го пронашла телото на актерот. Нема индиции дека се работи за насилна смрт, истрагата е во тек, а сè уште нема официјално соопштение за причините за смртта.

Метју Пери снимен на улиците на Беверли Хилс, фановите загрижени: Тој изгледа запуштено

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот