Даниел Кајмакоски со семејството - Фото: Инстаграм

ФОТО| Даниел Кајмакоски со семејството го посети родното Крушево на Тоше: „Толку многу љубов и мир на едно место“

Пејачот Даниел Кајмакоски, заедно со сопругата Марина, синот Стефан и ќерката Емилија, го посети родното Крушево на Тоше Проевски. Освен значајните знаменитости посветени на трагично загинатиот пејач, Даниел го посети и манастирот „Свето Преображение“ и одајата во која Тоше го наоѓаше својот мир.

– Крушево има душа, историја, тука е Тоше и неговите песни и спомени … Толку многу љубов и мир на едно место – напиша Кајмакоски на објавата на својот инстаграм-профил.

 

Манастирска црква во крушевското село Селце, кое се наоѓа во близина на Крушево, во месноста Ручало била разрушена во 19 век, а крушевчани повторно почнале со изградбата на манастирот во 1986 година. Тоше уште од својата петгодишна возраст помагал во неговата изградба, која била негова голема желба и не пропуштал прилика да каже дека тука го наоѓа својот духовен мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот