Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Дани Димитровска и Горан Веселиновски направија свадбена прослава: Пејачката во уникатна венчаница, не ја симна насмевката од лицето

Нашата пејачка Дани Димитровска, која речиси 25 години е дел од македонската музичката сцена, на социјалните мрежи сподели моменти од свадбената прослава, со која ја одбележа љубовта со нејзиниот сопруг Горан Веселиновски – Весел.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Имено, по интимната венчавка која се случи пред неколку дена, заљубениот пар овој викенд се забавуваше во присуство на своите најблиски, пријателите и колегите.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Пејачката блесна во уникатната венчаница со корсет и прорез, а косата ѝ беше собрана во елегантна пунџа. Подоцна, таа облече друг, елегантен фустан со раскошен детаљ на едното рамо. Нејзиниот избраник се одлучи за полежерна модна комбинација и облече бела кошула, син костум и патики.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Судејќи по споделените фотографии, вечерта поминала во одлична атмосфера, а Дани и Весел не ги симнаа насмевките од нивните лица.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Да потсетиме, ова е втор брак на Дани Димитровска. Весел ја запроси Дани во јуни минатата година, а пејачката тогаш со голема радост ја објави фотографијата на Инстаграм, гордо покажувајќи го свршеничкиот прстен. Од првиот брак пејачката го има синот Лазар, кој неодамна магистрираше на Универзитетот во Ајндховен.

ФОТО | Дани Димитровска една година по свршувачката, повторно се заколна на вечна љубов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот