Каролина Гочева / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | Далеку од горештините и метежот: Каролина Гочева ужива на планина во Италија

Нашата пејачка Каролина Гочева редовно споделува видеа и фотографии од нејзините патувања со своите следбеници на социјалните медиуми. Македонската поп-дива секогаш максимално ги искористи топлите летни денови за да ужива на прекрасни дестинации.

Сега, Каролина одлучи да се тргне од горештините и скопскиот метеж и да ги искористи слободните летни денови во Италија.

Таа на својот инстаграм-профил сподели видео на кое се гледа природата во Валдаора, во северна Италија.

Наместо жежок песок и море, на видеото, Каролина покажа дека ужива во мирна и спокојна атмосфера и во поглед со планини и сино небо.

ВИДЕО | Каролина Гочева за бракот со шест години помладиот Михаил Корубин: „Во Холивуд сите се со помлади мажи, сакам да ги следам трендовите“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот