Дакота Џонсон - Фото: Инстаграм

ФОТО | Дакота Џонсон повторно импресионираше: Се појави во проѕирен фустан без градник

Кога Дакота Џонсон ќе излезе на црвениот тепих, јасно е дека ќе биде главна тема на разговор. Нејзината љубов кон проѕирните фустани трае со години, но во последните недели го достигна својот врв, со секој изглед што станува посмел, а публиката сè пољубопитна…

Дакота ги полни модните наслови во последните неколку недели, и тоа со добра причина. Актерката неколку пати по ред покажа дека проѕирниот изглед е нејзина омилена модна територија, и се чини дека планира да остане така. Од ноќни излегувања во Њујорк до гламурозни настани, таа секогаш успева да го реинтерпретира трендот на „голи фустани“ на начин што е истовремено заводлив и неверојатно шик. Синоќа, во иста насока, таа го продолжи трендот и претстави едно од своите најпаметни изданија досега.

На црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Цирих, таа блескаше во пресонализиран фустан од Гучи, создаден во првата колекција на Демна за оваа италијанска куќа. На прв поглед, фустанот со долги ракави и спуштен струк изгледа ненаметлив.

Сепак, полупроѕирниот материјал на горниот дел во контраст со луксузните слоеви на волуменозното здолниште ја претвори силуетата во вистински моден спектакл.

Дакота го заокружи својот изглед со накит, прстени и обетки од Роберто Коин, додека ја задржа минималистичката коса и шминка, давајќи му простор на фустанот да ја раскаже целата приказна.

Не е тајна дека Дакота со години е верна на транспарентните ткаенини, од црвените теписи во Кан (каде што проѕирните фустани беа дури и забранети поради нивната прекумерна популарност), до првите редови на модните ревии и ексклузивните настани во Њујорк. Сепак, токму во соработка со Гучи овој тренд се претвори во нејзин препознатлив заштитен знак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот