
ФОТО | Британската монархија во нов проблем: „Ова е врвот на „ледениот брег““
Британскиот крал Џорџ четврти лично профитирал од трудот на робовите на плантажите во Гренада, покажуваат најновите истражувања што дополнително го зголемува притисокот врз монархијата да се соочи со улогата која ја имале за време на ропството.
Препорачано
Дезире Баптист, која е независен истражувач, пронашла документ од 1823-24 година во Националниот архив во Лондон кој сведочи за исплата од 1.000 фунти, што е еквивалентно на денешните 103.000 фунти, или околу 120.000 евра, од две кралски плантажи во Гренада, каде што работеле стотици поробени лица, пишува „Гардијан“.
Парите биле наменети за приватната ризница на кралот Џорџ четврти и, како што наведува Баптист, придонеле за неговиот „раскошен животен стил“.
Баптис истакна дека ниту еден британски монарх никогаш јавно не признал дека профитирал од поробени луѓе.
New research adds to pressure on monarchy over historical ties to slavery https://t.co/V3FAqRXBWh
— CTV National News (@CTVNationalNews) August 7, 2025
Нејзиното истражување е дел од поширока студија наречена „Робови, имот на Неговото Височество: Џорџ четврти и Гренада“.
Професорот Едмонд Смит од Универзитетот во Манчестер, кој го води истражувањето за улогата на кралското семејство во ропството, рече дека плаќањето може да биде „само врвот на ледениот брег“.
Тој, заедно со Ник Дрејпер од Универзитетскиот колеџ во Лондон, ги потврди наодите на Баптист.
King Charles supports study into Royal Family slavery links,then what?His mother the Queen never apologised/make amends- will he?
If it doesn’t lead to formal Apology, Reparations & Justice he can shove it alongside his ‘personal sorrow’ over slave trade
Whitewash Study Alert‼️ pic.twitter.com/XI3gvaSX8Q
— Dr Shola Mos-Shogbamimu (@SholaMos1) April 6, 2023
Смит додаде дека доказите укажуваат на поширок модел на колонијална експлоатација во потрага по приход од карипските колонии.
Бакингемската палата не го коментираше извештајот.
Кралот Чарлс претходно изрази жалење за ропството во говорот пред лидерите на Комонвелтот во 2022 година и поддржа академска студија за историската улога на монархијата, но досега јавно не ја призна директната вмешаност на Круната во ропството, објави „Ројтерс“.