
ФОТО | Бразилците се простуваат од Пеле
Бразилците се подготвуваат за погребот на легендарниот Пеле, а илјадници луѓе во изминатите 24 часа се простуваа од него на стадионот на Сантос каде што е изложено неговото тело.
Препорачано
Во бразилските медиуми се појавуваат и изјави на навивачите кои дојдоа да се простат од бразилската легенда. 17-годишната Џована Саменто чекала три часа во редот на стадионот. Таа била во придружба со својот татко кој носел дрес од Бразил со името на Пеле.
„На навивам за Сантос, како ниту мојот атко. Но, овој човек ја основаше репрезентацијата на Бразил. Го направи Сантос посилен, го направи голем и како да не го почитувате? Тој е еден од најдобрите луѓе во светот, моравме да му оддадеме“, почест, изјави Саменто.

Пеле денес ќе биде погребан во градот каде што растеше и во кој се прослави. Пеле е единствениот фудбалер кој освоил три светски првенства, а почина на 29. декември на 82-годишна возраст по долгата битка со ракот.
Доказ за големината на Пеле е што од него се простуваат и луѓе кои никогаш не го гледале како игра.
„Никогаш не сум го гледал како игра, но љубовта кон Пеле е традицијата која се пренесува од татко на син. Научив се за него, гледав снимки од неговите голови. Познавам некои навивачи на Сантос на кои децата им навиваат за други клубови, но тоа е затоа што никогаш не го гледале Пеле како игра“, изјави 32-годишниот Клаудио Каранка.

