Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

ФОТО | Бјанка Ценсори ги налути Шпанците откако ги покажа градите во мрежаст топ: Зошто оваа жена сè уште не е уапсена за непристојност?

Бјанка Ценсори предизвика бес кај локалното население во Шпанија откако ги покажа голите гради во мрежаст топ додека беше на шопинг со својот сопруг, контроверзниот рапер Канје Вест, во саботата, објави „Дејли мејл“.

Ценсори одеше од тезга до тезга на пазар на отворено на Мајорка, носејќи црн мрежест градник низ кој нејзините брадавици беа целосно видливи. Локалните жители биле згрозени додека двојката шетала низ пазарот во оскудна облека.

Канје Вест и Бјанка Ценсори – Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

„Луѓето беа ужаснати. Можеше да се чуе како прашуваат: ‘Дали тоа се навистина нејзините брадавици?’ додека минуваа покрај нив. Канје застана малку настрана и ѝ дозволи да разгледа низ тезгите“, рече изворот.

Патем, на жените во одредени делови од Шпанија им е дозволено да одат топлес од 2020 година благодарение на каталонскиот закон за еднаквост. Шпанските власти спроведуваат правила што им дозволуваат на жените да се сончаат голи на јавни места без страв од апсење.

Сепак, непристојната облека на Бјанка Ценсори многумина ја сметаа за несоодветна и наиде на бројни осуди. „Зошто оваа жена сè уште не е уапсена за непристојност!?“, „Видовме сè, дури и она што не сакавме да го видиме“, „Ова е толку непочитувачки кон земјата и нејзините конзервативни вредности“, „Како се извлекуваат со ова? Ако некој што не е познат го направеше ова, веднаш ќе беше уапсен“, напишаа корисниците на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот