Никол Егерт / Фото: Profimedia

ФОТО | Беше секс симбол од серијата „Чувари на плажата“: Актерката денес изгледа непрепознатливо поради ракот на дојка

Актерката Никол Егерт беше една од ѕвездите на популарната серија „Чувари на плажата“ и многу гледачи воздивнуваа по неа. Иако Памела Андерсон беше најпознатата актерка, русокосата Никол која го отелотвори ликот на Самер Квин во периодот од 1992 до 1994 година, го привлече целото внимание на публиката.

Набргу по улогата Никол ги зголеми градите, а потоа ги намали по само една година. Денес, Никол има 52 години и изгледа поинаку од тогаш. Витката, затегната фигура во црвениот костим за капење е заменета со широки панталони, широки маици и битка со вишокот килограми, а Никол мораше да ја избричи и главата по дијагнозата на рак на дојка.

Фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

Актерката беше забележана од фотографите додека беше на пазарење во Лос Анџелес. Таа неодамна излезе за првпат откако ги избричи нејзините препознатливи русокоси прамени и изгледаше дека е расположена додека пазареше среде борбата со ракот на дојката.

Актерката излезе од својот автомобил и носеше разни торби за намирниците. За лежерното излегување таа се одлучи за широка црна маичка и тренди панталони во боја на слонова коска.

Никол, по „Чувари на плажата“ не оствари некоја забележителна улога, а во 2013 година банкротираше. После тоа, таа започна сопствен бизнис со сладолед.

Ѕвездата на „Чувари на плажата“: Имам рак на дојка, не требаше да направам пластична операција на градите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот