
ФОТО | Која била Карла Фрачи, првата љубов на Џорџо Армани: Многу мажи ја посакувале, но таа имала само едно на ум
Италијанската примабалерина Карла Фрачи пораснала во работничко семејство во едно село во Ломбардија кое не нудело можности за големи работи. За среќа, некој го препознал нејзиниот вроден талент и музикалност, па нејзината судбина добила грандиозен пресврт, како пируетата во балетот. Таа била првата љубов на Џорџо Армани, кој почина вчера.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Карла Фрачи, првата љубов на легендарниот моден дизајнер Џорџо Армани, танцувала заедно со своите родители на на една прослава, каде што ја препознала личност за која никогаш не помислила дека ќе ѝ го промени животот. Карла била препорачана да оди во балетското училиште на миланската Скала на аудиција и уште како дете се издвојувала меѓу девојчињатаа од угледни семејства со звучни презимиња. На нејзиниот пат повеќе никој не можел да застане.
Жизела, Јулија, Пепелашка, Медеја, Сванилда, Франческа да Римини… ова се само некои од улогите што ги толкувала. Карла изнела над 200 ликови на сцената, оживувајќи ги приказните со неверојатна разновидност и од длабочините на душата, бидејќи „јазикот на играта е попродорен во однос на театарскиот, токму поради отсуството на зборови“.
„Играта е еволуција на телото во сета негова убавина, интегритет и гордост. Имав среќа да го познавам овој свет и да бидам дел од него… Природата ми подари витко тело, нежен врат и раце, како и детска насмевка со мали и убаво видливи заби. Ги интензивирав брзината, способноста и линијата на нозете… На сцената бев и вилинско коњче и тигар, нежна и страсна, детинеста и воинствена…“
Ова е само извадок од нејзината книга „Чекор по чекор“, во која пишувала и за својот дипломски настап и триумфалниот успех на најзначајните светски сцени: во Милано, Њујорк, Лос Анџелес, Москва, Хавана, Токио, Лондон… Со пофалби од највлијателните светски балетски критичари, Карла настапувалa раамо до рамо со познати светски танчари: Ерик Бруно, Рудолф Нуреев, Михаил Баришников, Марија Пистони, Паоло Бортолучи…
Таа соработувала со кореографи како Џон Кранк, Морис Бежар и Ентони Тудор, а значајна улога во нејзиниот живот имале поетите, вклучувајќи го и познатиот Еуџенио Монтале, кој ѝ посветил многу познати стихови.
„Во еден куфер ги чувам патиките со шпиц во кои настапував во Бољшој, како и еден пар патики што ми ги подари Марго, со автограм кој, во меѓувреме, избледе. Сè уште го користам роковникот уништен од алкохол што го користев за омекнување на патиките со шпиц, каде што е напишан бројот на Ерик во Торонто, како и бројот на Руди во Гвадалупе. За да направам ред и да го расчистам просторот, фрлам сето она што не ми значи, а потоа по извесно време се прашувам каде, по ѓаволите, завршија тие работи… Добив потпишана посвета од Мајка Тереза од Калкута и се ракував со неа, како и со папата Јован Павле Втори, да не ги набројувам сите претседатели. Сè или речиси сè е кажано за мене. Не се чувствувам ниту како икона, ниту како некој на пиедестал, туку само како жена што напорно работела и е родена под среќна ѕвезда“, напишала Карла за себе.
Таа ја пронашла својата љубов токму во Скала, во младиот театарски режисер во подем Бепе Менегати, кој ѝ бил огромна поддршка, па дури и кога отишла на шестмесечна турнеја во Соединетите Американски Држави, тој тргнал по неа.
– Тоа беа златните години на миланската Скала, полни со позитивна енергија, што беше вистински поттик за мојот напредок. Се случуваше Бернштајн да нè покани мене и Бепе во хотелот „Дуомо“ за премиерно да ја слушнеме аријата која штотуку ја напишал за Марија во мјузиклот „Приказна од Западната страна“. Или Нино Рота сакаше да нè запознае со својот исклучително млад и брилијантен ученик Рикардо Мути на вечера во кафеаната „Санта Марта“. Или дека го запознаам Марчело Мастројани, кој со Висконти го подготвуваше својот доктор Астров во „Чичко Вања“ од Чехов или да се сретнам со еден сестран помошник фотограф од продавницата „Ринашенте“, по потекло од Пјаченца, кој еден ден ме покани во неговото мало фотографско студио во малата зграда на крајот од булеварот Корзика, каде што живееше со своите родители, и ме фотографираше во костимот на Пепелашка; таа фотографија ја користев долги години за своите документи. Неговото име е Џорџо Армани, од тој момент мој голем пријател, кој неколку години подоцна, на модна ревија во Милано, ме претстави како своја прва љубов – рекла легендарната Карла Фрачи.
Таа подоцна и се омажила за Бепе, станале и родители. Кога балерина станува мајка, тоа обично значи дека може да се збогува со сцената или барем со главните улоги, додека Карла одбиввала да прифати дека мајчинството значи крај на нејзината кариера.
Карла се вратила на сцената по повеќе од една година по породувањето, благодарение на нејзиниот долгогодишен колега и пријател Рудолф Нуреев, а со него за само пет дена успеала да ја совлада кореографијата и да ја распамети публиката во миланската Скала.
Примабалерината не дочекала да го види филмот за себе. Починала во 2021 година, но била таму за да го погледне трејлерот и воодушевено го одобрила, што на режисерот му дал дополнителен поттик да создаде ремек-дело за иконата, не само на италијанскиот, туку и на светскиот балет.
Во 91 година од животот: Почина италијанскиот дизајнер кој го освои светот на модата, Џорџо Армани
Во 91 година од животот: Почина италијанскиот дизајнер кој го освои светот на модата, Џорџо Армани