Најголемото лизгалиште на Балканот е на плоштадот во Белград/Фото: Инстаграм

ФОТО: Белград е вистинска метропола со најголемо лизгалиште на Балканот

Во рамки на манифестацијата Белградска зима, вечерва со музичко – сценски настап и огномет е отворено лизгалиште на Плоштадот на Република.

Лизгалиштето ќе биде отворено до 28 февруари, а ќе работи секој ден од 10 до 22 часот.

Според директорот на белградскиот фестивалски центар (ЦЕБЕФ), Дамир Хандановиќ, лизгалиштето на Плоштадот на Републиката е едно од најголемите на Балканот и се простира на над 2.000 квадратни метри.

-Сакам да му се заблагодарам на Град Белград и на целата екипа што учествуваше во реализацијата да има вакво лизгалиште на плоштадот, бидејќи тоа е показател дека Белград е метропола и може да се натпреварува со сите светски градови, рече Хандановиќ.

Тој вели дека лизгалиштето има дел кој е покриен, како и дел кој е отворен и се наоѓа во близина на споменикот на принцот Михаило.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Vesic (@vesicg)

Кога станува збор за епидемиолошките мерки, Хандановиќ изјави дека сите културни институции во рамките на Белградска зима ги следат мерките на Кризниот штаб.

Тој додава дека истото правило важи и за лизгалиштето кое е со површина над  2.000 метри квадратни и не може да има повеќе од 350 лизгачи.

Според Хандановиќ, реакциите на граѓаните на отвореното лизгалиште се прекрасни и позитивни и дека на сите им е „полно срцето“ што конечно се создадени временски услови за формирање на мраз.

Лизгањето е бесплатно на денот на отворањето, а цената на билетот или изнајмувањето на лизгалки е 300 динари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот