
ФОТО | Бела Хадид повторно заврши во болница: „Извинете што секогаш исчезнувам, ве сакам“
Манекенката Бела Хадид сподели серија фотографии на својот инстаграм-профил од болнички кревет, на кои е приклучена на инфузија, што ги загрижи нејзините бројни следбеници. Иако не ја откри причината за хоспитализацијата, познато е дека со години се бори со Лајмска болест, пишува „Пипл“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Извинете што секогаш исчезнувам, ве сакам“, напиша 28-годишната Хадид во описот на објавата.
На фотографиите манекенката се одмара во болнички кревет, гушка хеклан ангел, јаде пица и ужива во погледот на зајдисонцето и виножитото низ прозорецот. Таа сподели и слики од градината, како и фотографии од семејството и пријателите кои ја посетиле и играле карти со неа. На последната фотографија седи во ќош од лифт со мокра коса, држејќи шолја кафе.
View this post on Instagram
Иако причината за овој престој во болница не е позната, Хадид во 2023 година изјави дека „конечно е здрава“ по „100+ дена Лајмска болест, хронична болест, третмани и речиси 15 години невидливо страдање“.
„Малата јас, која страдаше, би била толку горда на возрасната јас што не се откажав од себе“, напиша таа тогаш во објава на Инстаграм.
„Благодарна сум на мајка ми што ги чуваше сите мои медицински досиеја, што беше покрај мене, никогаш не ме напушти, ме заштити, ме поддржа, но најмногу од сè, ми веруваше низ сето ова“, додаде таа.
Лајмска болест ѝ беше дијагностицирана во 2012 година, заедно со нејзината мајка Јоланда и помладиот брат Анвар. Манекенката првпат јавно проговори за својата борба со болеста во 2016 година.
„Животот не е секогаш онаков каков што изгледа однадвор“, рече таа тогаш, додавајќи дека „најтешкиот дел од ова патување е да се биде осудуван по тоа како изгледаш наместо по тоа како се чувствуваш“.