
ФОТО | Бастијан сигурно се кае: Ана Ивановиќ повторно неодолива, никогаш не изгледала подобро
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ не запира со совршени објави на социјалните мрежи каде што предизвикува само комплименти.
Препорачано
Ивановиќ не дозволи тешкиот период зад неа да ја расипе сликата што целиот свет ја има за неа како насмеана и секогаш дотерана жена.
Иако веќе некое време покажува колку ужива во животот и собира позитивни коментари за својот изглед, овој пат Ана дополнително воодушеви со модното издание, но и со природната елеганција што ја поседува без оглед на тоа што облекла.
View this post on Instagram
Убавата Ана повторно позирала во еден од совршените фустани што ги има, овој пат избрала нежно жолта нијанса и модел што ја следи линијата на телото.
Фустанот на Ана е во два дела, долниот дел е направен од плисе, додека горниот дел е без прерамки и залепен до телото. Внимание привлече и детаљот околу вратот, кој е дел од фустанот, а на целиот изглед додава мистичност и гламур.
Во коментарите сите ја фалат, а посебно се издвојува коментарот на германската инфлуенсерка и манекенка Каролина Даур, многу добра пријателка на Ана, која ѝ порачала дека е убавица и ѝ оставила емотикон со мед.
Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се разведоа пред неколку недели по девет години брак.
ВИДЕО | Ана Ивановиќ јавно проговори по разводот: „Верувам дека сè ќе си дојде на свое место“