
ФОТО | Барса моментно е најдобриот тим во Европа
Фудбалскиот клуб Барселона е единствениот тим во Европа кој досега нема претрпено ниту еден пораз во сите натпреварувања во 2025 година.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Барса од 1 јануари одигра 16 натпревари, забележа 13 победи и три нерешени, а постигна дури 52 гола.
Тренерот на екипата, Ханси Флик одлично ги води играчите откако пристигна во Каталонија и единственото прашање е со колку трофеи ќе ја заврши првата сезона во клубот?
Тој веќе го освои еден, шпанскиот Суперкуп, откако Барселона го декласираше Реал Мадрид со 5:2 во финалето одиграно во Џеда на 12 јануари.
Кога станува збор за Ла Лига, Барса води во неизвесна трка со мадридските тимови Атлетико и Реал, а на 12 кола до крајот е лидер на табелата со 57 бодови, Атлетико има 56, а Реал 54.
Барселона утре ќе гостува кај Осасуна во натпреварот од 27 коло во рамките од шпанското првенство.
Во осминафиналето на Лигата на шампионите, Барса завчера со 1:0 ја совлада Бенфика во Лисабон и во вторник на домашен терен е фаворит да обезбеди пласман во четвртфиналето каде би играла против Лил или Борусија Дортмунд.
Кога е во прашање Копа дел Реј, Барселона се пласираше во полуфиналето и ремизираше 4:4 на домашен терен против Атлетико во првиот натпревар. Патникот во финалето ќе го дознаеме во Мадрид на 2 април.