
ФОТО | Анџелина Џоли со драстична промена на имиџот: Актерката веќе не изгледа исто!
Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли изненади со нов изглед. Таа во четвртокот беше забележана на филмски сет во Лондон, во друштво на својот најстар син Медокс.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Џоли за потребите на новиот филм „Анксиозни луѓе“ (Anxious People) носи драстично сменета фризура – строго подреден блонд боб, комбиниран со елегантна кремаста облека, пренесува „Пејџ сикс“.
Актерката во филмот ја толкува улогата на инвестициска банкарка по име Зара. Филмот е адаптација на истоимениот роман на шведскиот автор Фредрик Бакман од 2019 година, а покрај Џоли, во него играат и Ејми Лу Вуд и Џејсон Сигел. Сценариото следи група непознати луѓе кои завршуваат како таоци на несреќен обид за грабеж на банка.
Во паузите од снимањето, Џоли времето го поминуваше со Медокс (24), кој често ја придружува на филмските сетови.
🆕 Angelina Jolie on the set of ‘Anxious People’ in London (September 3, 2025) pic.twitter.com/IGpfbZJkUx
— Angelina Jolie (@angelinalibrary) September 4, 2025
Инаку, актерката се повеќе се поврзува со Лондон – каде што, според странски медиуми, би можела и трајно да се пресели. Во август се појавија информации дека таа планира да ја продаде историската вила во Лос Анџелес, која ја купи во 2017 година за 24,5 милиони долари, а која некогаш му припаѓала на режисерот Сесил Б. Демил.
Наводно, Џоли сака да ја напушти Америка кога нејзините близнаци, Нокс и Вивиен, следната година ќе наполнат 18 години.
„Размислува за повеќе локации во странство и ќе биде пресреќна кога конечно ќе може да го напушти Лос Анџелес“, рекол близок извор.
Џоли уште во 2021 изјави дека се доселила во сегашниот дом за да биде поблиску до поранешниот сопруг Бред Пит, со кого има шест деца.
„Сакав да бидам блиску до нивниот татко, кој е на пет минути од нас“, рече тогаш.
Покрај Медокс, Нокс и Вивиен, Џоли и Пит заедно ги имаат и Пакс (21), Захара (20) и Шајло (19). Според светските медиуми, односот на Пит со децата останува нарушен поради долготрајната и бурна бракоразводна постапка.
Анџелина Џоли се сели во странство: Го продава својот имот во Лос Анџелес