
ФОТО+ВИДЕО | Анџелина Џоли повторно ја исфрли голата нога како пред 13 години и интернетот експлодираше
Холивудската актерка Анџелина Џоли била добредојден гостин на Филмскиот фестивал во Торонто, а за таа посебна пригода одлучила да ги потсети фотографите на својата позната поза. Се сеќавате ли на нејзината позната поза на доделувањето на Оскарите во 2012 година. Тогаш беше сè уште во брак со Бред Пит, па двајцата позираа на црвениот тепих. Анџелина носеше црна кадифена тоалета со длабок изрез од страната, па цело време ја вадеше голата нога позирајќи пред фотографите. Своевремено, сите зборуваа за таа нејзина поза.
Препорачано
Филмскиот фестивал во Торонто се чини дека е следната дестинација за познатите ѕвезди. Сидни Свини и Метју Меконахи веќе го имаа своето деби на црвениот тепих на фестивалот, а сега и Анџелина Џоли го направи истото.
Актерката се појави на премиерата на филмот „Кутјур“ (Couture), а за таа пригода носеше навидум едноставна креација. Како што можете да видите, таа се одлучила за фустан-мантил во кафеава боја, од брендот „Габриела Херст“ и црни салонки.
View this post on Instagram
Стајлингот го комплетирала со минимална шминка во „голи“ тонови и брановидна фризура.
Сепак, најголемо внимание привлече одреден дел од нејзиното тело…
View this post on Instagram
Како што пишуваат медиумите, по 13 години, Анџелина Џоли одлучила да ја повтори познатата поза за фотографија од Оскарите во 2012 година.
Во тоа време, таа носеше гламурозен црн фустан и впечатлив црвен кармин, а за пригодата на фотографирањето, ја извади ногата од изрезот на фустанот. Може да се каже дека интернетот експлодираше тогаш поради нејзиното смело позирање, а нејзината нога стана вистинска сензација.
View this post on Instagram
Сега се чини дека таа повторно го направила тоа и реакциите на јавноста се исти како и пред 13 години…