Фото: Инстаграм/Андријана Јаневска

ФОТО | Андријана Јаневска си оствари голема желба: Ловеше риба во замрзнато езеро во Лапонија

Македонската пејачка Андријана Јаневска си ја оствари долгогодишната желба – да лови риба во замрзнато езеро во Финска.

Таа моментално е на семејно патување во Лапонија, каде што ужива во зимските авантури и природните убавини. Пред да замине од Македонија, најави дека ќе посети дестинација која долго време ѝ била на листата на желби, а сега на својот инстаграм-профил споделува фотографии и видеа од патувањето.

Фото: Инстаграм/Андријана Јаневска

Откако заедно со синовите се испробала во нордиско скијање, Јаневска си го исполни и сонот да лови риба во замрзнато езеро.

Фото: Инстаграм/Андријана Јаневска

Во објавата што ја сподели, таа прикажува како се дупчи снегот за да се направи отвор во мразот, преку кој се спуштаат риболовните трски. Јаневска исто така покажа како се чистат дупките од насобраниот мраз.

„Риболов во замрзната вода“, напиша таа во описот на видеото.

Фото: Инстаграм/Андријана Јаневска
Фото: Инстаграм/Андријана Јаневска

Јаневска откри дека љубовта кон риболовот ја наследила од својот татко, а често објавува фотографии и од своите риболовни авантури во Охридското Езеро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот