
ФОТО | Аманда Бајнс има нова љубов: Поранешната детска ѕвезда конечно ја најде среќата и го покажа момчето на Инстаграм
Некогашната актерска миленичка на Холивуд, Аманда Бајнс (39), откри дека има нов маж во својот живот. Таа ја сподели среќната вест со своите следбеници објавувајќи заедничка фотографија со новиот партнер на Инстаграм.
Препорачано
Според информациите на порталот Ти-ем-зи, станува збор за маж по име Закари, кој е една година постар од актерката. Нивната врска, како што наведуваат извори блиски до двојката, неодамна преминала од пријателство во романса.
Новиот пар ужива во заедничките моменти, без притисок и брзање.
„Не брзаат со работите, но уживаат еден со друг“, изјавил извор за Ти-ем-зи.
Иако ја чуваат својата врска далеку од јавноста, оваа недела биле забележани како се држат за раце за време на прошетка, што дополнително ги поттикна шпекулациите за новата љубов на Бајнс.

Да потсетиме, Аманда Бајнс беше една од најсјајните детски ѕвезди на телевизијата и филмот, но нејзиниот живот доби мрачен пресврт поради зависност од алкохол и дрога. Таа помина низ повеќе рехабилитациски центри, а во 2012 година беше уапсена поради возење под дејство на опијати. Година подоцна, по серија инциденти, ѝ беше одредено старателство.
По речиси девет години, судот одлучи дека Бајнс е способна да се грижи за себе и го укина старателството. Денес поранешната актерска ѕвезда тврди дека ја пребродила зависноста и полека се враќа кон нормален живот.