Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ФОТО | Актерот од „Озборувачка“ ќе стане татко: Двојката ја потврди веста со романтична фотосесија
Британскиот актер Ед Вествик, најпознат по улогата Чак Бас во тинејџерската серија „Озборувачка“ („Gossip Girl) и неговата сопруга Ејми Џексон го очекуваат нивното прво заедничко дете.
Препорачано
Филмската ѕвезда ја објави среќната вест на социјалите мрежи, споделувајќи романтична фотосесија со својата сакана партнерка. На фотографиите може да се забележи дека Џексон веќе има изразен труднички стомак.

Да потсетиме, Ед Вествик и Ејми Џексон стапија во брак во годинава, во бајковита атмосфера во Италија. По венчавката, тие изјавија за „Пипл“ дека едвај чекаат да го започнат нивниот брачен живот.
„Мажењето за Ед за мене значи дека ќе имам животен партнер, со кој ќе можам да споделувам авантури, љубов и поддршка. Ќе можам да создадам прекрасно семејство и ќе имам ‘грб’ во сите моменти во животот“, изјави Џексон.

„Бракот е изградба на заедничка иднина и создавање бескрајни спомени. Го поминав животот прашувајќи се која ќе биде таа, а потоа ја најдов“, додаде Вествик.
Двојката, исто така, рече дека се надеваат дека ќе го зголемат „своето мало семејство“ во иднина.
Ова е прв брак и за двајцата, а Џексон веќе е мајка на синот Андреас, кој го доби за време на врската со хотелиерот Џорџ Панајоту.
Објавени номинациите за наградите „Греми“ за 2024 година: Една пејачка предводи со дури 9 номинации
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
56мин
-
2час
-
3час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5