Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

ФОТО | Адријана Лима покажа како изгледа нејзината куќа каде живее со вереникот и петте деца: Празнично накитена како во бајка

Познатата манекенка Адријана Лима со години живее во Мајами, иако често оди во родниот Бразил, а како изгледа внатрешноста на нејзиниот дом во Америка таа покажа на Инстаграм, откривајќи дека е вистински вљубеник во празничните украси.

Новогодишни и божиќни украси и детали насекаде. Адријана Лима очигледно не се води од тоа дека помалку украсување дава подобри резултати, а нејзиниот дом, како што се приближуваат празниците, изгледа како сцена од филм.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ adrianalima

Таа покажа и огромна елка на која доминираат црвени украси, а може да се забележи дека нејзината куќа има топла, семејна атмосфера.

На една слика таа го „улови“ својот вереник Андре Лемер, кој во тоа време гледал фудбалски натпревар. Таа фотографија ја открива дневната соба на нејзината палата во Мајами, а во собата доминираат бели и беж бои, како и кожни и дрвени парчиња мебел со многу иновативен дизајн.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ adrianalima

Скриено, модерно, малку традиционално и со многу детали. Се издвојуваат и светилките во сребрена и златна боја, кои можете да ги видите покрај огромната елка. Овие многубројни детали се доказ дека Адријана Лима посветува многу внимание на уредувањето на просторот за живеење.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ adrianalima

Таа живее во Мајами со својот вереник кој работи во филмска продукција, синот Сајан, ќерките Сиена и Валентина кои ги имаше со поранешниот сопруг Марко Јариќ и ќерката и синот што нејзиниот партнер ги има од претходната врска. Мии и Лупу се многу блиски со нивната маќеа и повремено ја придружуваат на црвениот тепих.

Минатата година, одговарајќи на прашања за нејзиниот изглед, Лима рече: „Лицето на уморна мајка на тинејџерка, три предтинејџери, едногодишно дете кое учи да оди и три кучиња“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот