Адријана Лима и Андре Лемерс на Венецијанскиот филмски фестивал / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

ФОТО | Адријана Лима кажа „да“: Се омажи една од најубавите жени на светот!

Бразилската манекенка Адријана Лима официјално стапи во брак со нејзиниот повеќегодишен партнер Андре Лемерс.

Лима ја сподели среќната вест на социјалните мрежи, каде објави фотографија на која ја држи раката на нејзиниот сакан и на која двајцата ги носат венчалните прстени.

„Јас сум официјално г-ѓа Лима Лемерс“, напиша таа кратко на фотографијата, додавајќи емотикони кои симболизираат прстен и невеста.

Да потсетиме, Лима и Лемерс ја започнаа врската на почетокот од 2021 година, а своето прво појавување како пар го имаа на Венецијанскиот филмски фестивал. Тие станаа родители на синот Сијен во август 2022 година.

Лима претходно беше во брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ и со него ги има двете ќерки – 14-годишната Валентина и 11-годишната Сиена.

Адријана Лима и Марко Јариќ / Фото: Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот