
ФОТО | Адам Левин: Немав афера, но ја преминав границата
Пејачот на поп-рок групата „Марун 5“, Адам Левин се огласи за наводната афера со инфлуенсерката Самнер Строу. Музичарот ги демантира овие обвинувања, но признава дека ја „преминал границата“ во комуникацијата со Строу.
Препорачано
„Моментално, се кажуваат многу работи за мене и би сакал да расчистам сѐ. Немав афера, но ја преминав границата во период од мојот живот за кој се каам. Не ја проценив добро ситуацијата, флертувајќи со личност која не е мојата сопруга. Во одредени моменти (од комуникацијата) стана несоодветно. Јас се осврнав на тоа и презедов проактивни чекори за да го поправам ова со моето семејство.
Мојата сопруга и моето семејство се сѐ за што се грижам во овој свет. Бев толку наивен и доволно глупав за да ја ризикувам единствената работа која вистински ми значи и тоа беше најголемата грешка која можев да ја направам. Јас нема да ја направам повторно. Ја преземам сета одговорност. Ние ќе го надминеме ова и тоа ќе го направиме заедно.“

Како потсетување, инфлуенсерката Самнер Строу објави снимка на платформата Тик-ток во која тврди дека имала афера со Адам Левин.
„Јас имав афера со маж кој е во брак со манекенка на ‘Викторија сикрет’. Во тој период, јас бев млада, наивна и искористена“, вели таа.
Адам Левин е во брак со манекенката Беати Принсло од 2014 година. Тие се родители на петгодишната Дасти Роуз и четиригодишната Џио Грејс. Моментално, Принсло е бремена со нивното трето дете.
ВИДЕО | Секс афера: Адам Левин ја изневерувал сопругата со позната инфлуенсерка