
Формула 1: Норис по тимска наредба го пушти Пјастри да триумфира во Унгарија
Австралискиот возач Оскар Пјастри од Мекларен победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Унгарија и ја постигна првата победа во кариерата. Пјастри стигна до првата победа во Формула 1 минувајќи го својот клупски колега Ландо Норис на три круга пред крајот после големиот притисок од тимот, ја препушти првата позиција.
Препорачано
На крајот Пјастри беше 2.141 секунди пред Норис. Третото место му припадна на Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 14.880 секунди, а ова е негов 200 подиум во кариерата. Возачот на Ферари, Шарл Леклер го освои четвртото место, а петти беше актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул.
Норис стартуваше од пол-позицијата, но на стартот го претекнаа Пјастри и Верстапен. Актуелниот светски шампион му ја врати позицијата на Норис во четвртиот круг, бидејќи беше под истрага возејќи надвор од патеката и заземање на второто место. Пјастри го држеше водството до 18 круга кога влезе во бокс, а по менувањето гуми се врати на патеката на четвртото место зад Верстапен, Леклер и Саинц, но во 22 круг го зазеде второто место кога Верстапен и Саинц влегоа во бокс и прво ја врати својата позиција во 24 круг кога и Леклер отиде да менува гуми.
OSCAR PIASTRI IS A FORMULA 1 GRAND PRIX WINNER! ??
HE'S DONE IT AT THE HUNGARORING ?#F1 #HungarianGP pic.twitter.com/foIq7krsNs
— Formula 1 (@F1) July 21, 2024
Мекларен одлучи дека Норис е првиот кој отишол на второто менување гуми во 48 круг, додека водечкиот Пјастри го оставија на патеката уште два круга. Тоа беше доволно за Норис да го преземе водството од својот колега. Во продолжение тимот на Мекларен испрати пораки до Норис да му ја отстапи првата позиција на Пјастри, што Британецот не го направи веднаш.
На крајот од трката се водеше голема борба за третото место меѓу Хамилтон и Верстапен, актуелниот светски шампион се обиде да го претекне Хамилтон, но Британецот се спротивстави, а во борбата дојде до контакт, по што Верстапен ја напушти патеката и остана без шанси за подиум.
Ландо Норис не сакаше да го пушти Пјастри до три круга до крајот, но под голем притисок од тимот тоа го направи во 68 круг и Пјастри ја оствари првата победа во кариерата.