
Формула 1: Ландо Норис ќе стартува прв во Хунгароринг
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ќе стартува од пол-позицијата во Формула 1 трката за Големата награда на Унгарија, откако беше најбрз во денешните квалификации. Норис стигна до пол-позицијата на патеката Хунгароринг со време од 1:15.227.
Препорачано
Неговиот тимски колега Оскар Пјастри, кој беше 0,022 секунди побавен, ќе стартува од втората позиција, додека актуелниот шампион, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, кој заостануваше 0,046 секунди зад Ландо, ќе ја започне трката од третото место.
За четвртата позиција во денешните квалификации се избори возачот на Ферари, Карлос Саинц, од петтото место Луис Хамилтон од Мерцедес, а како шестопласиран возачот на Ферари, Шарл Леклер.
Од првите 10 позиции ќе стартуваат и пилотите на Астон Мартин, Фернандо Алонсо и Ленс Строл, како и РБ возачите Даниел Рикардо и Јуки Цунода.
Возачот на Ред Бул, Серхио Перез излета од патеката за време на првата квалификациска сесија, кога изгуби контрола во свиокот и удри во заштитната ограда. Според информациите нема посериозни повреди и Перез ќе ја започне трката од 16 позиција.
Во третата квалификациска сесија Цунода исто така излета од патеката поради дождот, по што удри во оградата, за среќа, и тој помина без потешка повреда.
Цунода ќе стартува од позиција, но останува да видиме дали ќе мора да стартува од пит стоп поради оштетувањето на неговиот болид. Трката за Големата награда на Унгарија ќе се вози во недела од 15.00 часот.