Форд/ Фото: A3537 Marijan Murat / DPA / Profimedia

„Форд“ повлекува околу 700.000 возила поради ризик од истекување на гориво

Американскиот производител на автомобили „Форд“ ќе повлече речиси 700.000 возила поради проблеми со истекување на гориво, операција за која се очекува да ја чини компанијата 570 милиони долари, беше објавено денес.

„Форд“ објави сервисна акција поради истекување на гориво кај одредени модели Бронко Спорт, Искејп и Kуга, објави компанијата со седиште во Дирборн, Мичиген.

Според друг документ, објавен во понеделник од Агенцијата за безбедност на автопатиштата на САД, премин за гориво може да пукне и да испушти гориво во моторниот простор на возилото.

„Истекувањето на гориво во присуство на извор на палење, како што е загреан мотор или компоненти на издувните гасови, може да го зголеми ризикот од пожар“, соопшти агенцијата. „Проценуваме дека вкупната цена на оваа акција ќе биде приближно 570 милиони долари и ќе се одрази во нашите оперативни резултати во вториот квартал од 2025 година“, соопшти компанијата.

По таа информација на њујоршката берза, акциите на „Форд“ паднаа за 1,9 проценти, пишува Данас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот