Илон Маск Фото: EPA-EFE/FRANCIS CHUNG / POOL

„Форбс“ тврди дека Илон Маск е првиот човек со богатство од 500 милијарди долари

Според американското списание „Форбс“, Илон Маск стана првата личност чие нето богатство, кое главно се состои од акции во производителот на електрични автомобили „Тесла“ и во авио-вселенската компанија „Спејс-икс“ се проценува дека достигна 500 милијарди долари.

„Форбс“ го пресмета богатството на Маск за околу 150 милијарди долари повеќе од коосновачот на „Оракл“, Лери Елисон. Подоцна списанието малку ја ревидираше проценката надолу на 499,1 милијарди долари.

Богатството на Маск е потешко да се процени отколку на другите милијардери бидејќи многу од неговите компании не котираат на берзата.

Маск ја надмина границата од 400 милијарди долари во декември 2024 година, среде шпекулации на инвеститорите дека „Тесла“ ќе има корист од неговите врски со тогаш новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Тој често ја посетуваше Белата куќа на почетокот на мандатот на Трамп, но односите подоцна се влошија, а Трамп се закани дека ќе ја намали федералната поддршка за фирмите на Маск.

Продажбата на „Тесла“ исто така се намали, делумно затоа што некои потенцијални купувачи беа одбиени од десничарските политички ставови на Маск и неговата улога во федералните отпуштања и мерките за намалување на трошоците на државата.

Оттогаш, акциите на „Тесла“ се опоравија, поттикнати од очекувањата за раст во областа на робо-такси и роботика, и евентуално од скокот на продажбата пред истекот на федералните стимулации за електрични возила кон крајот на септември.

Портфолиото на Маск, исто така, ги вклучува платформата за социјални медиуми „Х“, развивачот на вештачка интелигенција „ИксАИ“ и компанијата за нервни импланти „Неуралинк“. Сепак, „Тесла“ останува централна за неговото богатство.

Производителот на електрични автомобили нуди план за компензација потенцијално вреден еден трилион долари, условен од постигнување осумкратен раст на пазарната вредност, задржување на Маск како главен извршен директор и исполнување на други услови за перформанси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот